Еве како Бред Пит успеа да излезе посилен од разводот со Анџелина Џоли

По помалку од две години по разводот, Бред Пит е нова личност: еве како успеа да излезе од најлошиот период во неговиот живот и да се врати во најдобра форма и посилен од билокога.

Бред Пит е како феникс. Кога во септември, 2016 година, Анџелина Џоли ги потпиша документите за развод и барањето за ексклузивно старателство на нивните шест деца, во еден миг познатиот глумец изгуби се – сопругата, децата и својот сон за иднина. Анџелина Џоли и Брет Пит, инаку, беа 12 години во љубовна врска. Сите обвинувања беа насочени кон него, беше обвинет дека е виновен зашто уништил се, а беше обвинет и за претерано конзумирање на алкохол па дури и за прељуба.

1.Првата реакција на Бред Пит – молк кон медиумите

За да го надмине најтемниот период од неговиот живот, но и кризата во својата актерска кариера, глумецот се „затвори“ дома, избегнувајќи ги папараците. Единствен влез во неговиот дом имал психијатарот кој го ангажирал. Прват кога се појавил во јавноста по разводот, фотографиран е како нов човек, убав и многу секси како што неговите фанови го паметат.

2. Не откри ниедна семејна тајна

И покрај силните притисоци во текот на првата година, а и покрај тоа што не успеа да направи договор со поранешната сопруга, Пит ги задржа сите семејни тајни, без да објави ништо на меидумите и без нешто да „протече“ во јавноста.

3. Мирна река, брег рони

На почетокот на 2017 година, парот конечно успеа да седне и да почна да размислува за договор за старателство над децата. Преговорите оттогаш сеуште траат до денес.

Анџелина пак, сега има нов дом во Холивуд, недалеку од локацијата каде што живеела со Бред, додека тој останал да живее во стариот дом. Благодарение на неговото трпение, сега се почесто му е дозволено да ги гледа неговите деца,  прво во присуство на терапевт, а во поново време дури и сам.

4. Судиите го поддржаа во исправните одлуки

Преговорите за старателство над децата достигнаа напнат момент оваа пролет, кога Анџелина одлучила да ги земе шесте деца со неа во Лондон, за време на снимањето на Maleficent 2.

Тогаш, глумецот се обиде да стави вето на таа нејзина одлука, мирно повикувајќи ја да го почитува распоредот за посета на децата. Во меѓувреме, Пит доби и нова улога за филм, во режија на Квентин Тарантино, во кој ќе глуми заедно со Леонардо Ди Каприо.

Аргументите на Пит дека „децата најдобро се чувствуваат во Лос Анџелес“ го убедија судијата да донесе одлука во текот на летниот период децата да бидат кај двајцата родители со еднакво поделено време за престој.

5. Разводот го направи посилен

За да ја постигне оваа цел (подеднакво поминато време со децата), Бред Пит работел многу за себе, како што  и самиот изјави во долгото интервју дадено за GQ Style, пред некое време: „не може да се биде добар и силен татко без навистина да се познавате себеси и сите свои несигурности и слабости“. И додаде- „По разводот, сфатив дека мора да бидам подобар за нив, морав да покажам уште нешто, нешто што не го правев порано. За мене овој период ми служеше да се погледнам длабоко во себе, да ги разберам моите грешки и да најдам свој пат за понатаму”.

Во моментов, Бред Пит е повторно еден од најпосакуваните мажи во светот, но тој не брза да се влезе во брак или во врска повторно, туку да го искористи времето да го постигне својот баланс живеејќи сам. И секако, да се врати повторно на голема врата на филмското платно, што набргу и ќе се случи.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет позираат за нова рекламна кампања

Ангелите на Викторија сикрет повторно се обединија во фотосесија за нова рекламна ...