Еве како штипјанецот Борче Јовев „стопил“ 43 килограми

53-годишниот Борче Јовев од Штип, вработен во јавното претпријатие „Стипион“, е пример дека доколку решите да ослабнете, со силна волја и правилно избрана диета, ништо не може да ве спречи во намерата, а резултатите секако, пристигнуваат. Во случајот на Борче, резултатите не само што пристигнале за кратко време, туку неговата трансформација е неверојатна.

Липосукциската диета ја започнал на самиот крај на месецот јуни, минатата година.

пред и потоа

-Бев сам дома, моето семејство беше на пат, а јас ја видов рекламата за липосукциска исхрана на телевизија, и одеднаш ми се вклучи „чипот“ во главата. Одлучив да ја пробам диетата. Веднаш се обратив во „Интернешнл хелт“ во Скопје, кај докторката Валентина Крстеска и таа ме упати во 14-дневниот протокол на липосукциската диета, објаснува Јовев.

Тоа вклучување на „чипот“ во главата, всушност, следувало по долгогодишни разговори со сопругата, двете ќерки и синот, кои му се жалеле дека неподносливо рчи, но и дека е корисно за неговото здравје да ги промени лошите навики во исхраната. Во тоа време Борче го мачеле болките во коленото, а имал и висок крвен притисок.

-Како млад бев многу витален, се бавев со спорт, бев во фит форма. Килограмите не пристигнаа одеднаш, туку со текот на годините. Јадев многу благо, па со почетокот на липосукциската диета, токму благото најмногу ми недостасуваше. Знаете, да не се лажеме, не е лесно одеднаш да ги смените нездравите навики во здрави, вели Борче.

Дисциплинирано се држел до диетата и со првиот третман од 14 дена ослабнал 11 килограми. Потоа, следувале уште два месеца во кои го практикувал липосукцискиот протокол, губејќи секоја недела по 2 килограма, а од септември, минатата година, се држел до протоколот од 21 ден кој вклучува два оброка дневно. И така Борче ослабнал цели 43 килограми за помалку од една година!

во Липо Центар со Д-р Валентина Крстеска

Трансфомрацијата на телото не била единствената која е видлива, туку и здравјето му се подобрило, виталноста му се вратила, а и сосема престанал да рчи.

– До ден денес го практикувам режимот на исхрана. Имам желба да ослабнам уште десет килограми, па ќе почнам да посетувам теретана, додава Борче.

Советувалишта и центри за липосукција има и во Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3151714, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.

x

Check Also

Со босилек и мраз против убод од комарци

Тешко е во ова време на годината да се одбраниме од здодевните ...