Еве каква венчаница носеше Прајанка Чопра дизајнирана од Ралф Лорен (ФОТО)

По традиционалната индиска свадбена церемонија која се случуваше во саботата, во неделата следувала католичката свадба на глумицата Прајанка Чопра и американскиот пејач Ник Џонас.
36-годишната глумица беше облечена во венчаница во нијанса на шампањ, дизајнирана од Ралф Лорен, а и облеката на Џонас (сина кошула и панталони) е од истиот дизајнер. Модните парчиња се сепак, дизајнирани во духот на индиската традиција.
Цел луксузен хотел бил букиран за гостите од свадбата. На гостите им била забранета употреба на мобилни телефони и фотографирање, за да не се појават непосакувани слики од големиот настан.
Инаку,оваа свадба во Индија е прогласена за свадба на годината.

x

Check Also

Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност ...