Aquazzura, Sophia Webster

Еве какви модели на чевли ќе носиме оваа пролет/лето 2019

Три трендови на чевли ќе доминираат на пролетниот и летниот асфалт, судејќи според прегледот на пролетните колекции на луксузните модни марки. Се разбира, по примерот на луксузните брендови, слични модели на чевли, а по пристапна цена, очекуваме во пролетните колекции на популарните „хај стрит“ модни марки.

Gianvito Rossi

На наше задоволство, заводливата висока потпетица се враќа на модната сцена, а моделите се женствени.

Популарните чевли со принт „крава“ кои ги носеше војвотката од Сасекс

На прво место е трендот црвено. Веднаш до него се форсира трендот шаренило, а трет – останува во игра животинскиот принт, од кој овојпат ќе доминира принтот „крава“. Таков модел на чевли веќе носеше војвотката од Сасекс, Меган Маркл, привлекувајќи го вниманието на јавноста, а веднаш по неа и нејзината пријателка, дизајнерката Викторија Бекам која изјави дека токму „крава“ принтот ќе биде главен хит во нејзината пролетна колекција.

Christian Louboutin

x

Check Also

12 „кежуал“ модни парчиња од Springfield вредни за внимание

Се подготвуваме за зимската сезона со лежерни модни парчиња од омилените – Springfield. ...