Шоуто на Викторија сикрет ќе се случи наскоро! Иако официјалниот датум се уште не е објавен, листата на модели е веќе објавена.
Годинава на модната писта ќе видиме 12 ангели, кои ќе бидат предводени од долгогодишните и искусни ангели на Викторија сикрет, Кендис Свонепул и Адриана Лима.
Интересно е да се напомене дека Барбара Палвин и Тони Гарн ќе го направат својот камбек на сцената на Викторија сикрет. Нови имиња на листата се, Даки Тот и Вини Харлоу.
Еве ги имињата на учесничките – ангели во шоуто – Адријана Лима, Бехати Присло, Кендис Свонепул, Елса Хоск, Џасмин Тукс, Џозефин Скривер, Лаис Рибеиро, Марта Хант, Роми Стријд, Сара Сампајо, Стела Максвел и тејлор Хил.