Еве кои правила ќе мора да ги следи Меган Маркл на својата свадба

Како што се наближува свадбата на принцот Хари и глумицата Меган Маркл, закажана за 19-ти мај, станува се појасно дека идната принцеза на денот на венчавката ќе мора да следи цела листа на правила кои ја означуваат традицијата на кралското семејство. Еве ги најважните.

Деверушите треба да бидат мали двојчиња

За разлика од  американската традиција која дозволува 14 најблиски пријатели на невестата да бидат деверуши, според британската традиција Меган Маркл треба да ја испратат до венчаниот олтар повеќе мали девојчиња кои се поврзани со кралското семејство, а се на возраст најмногу до 12 години. За венчавката на Кејт Мидлтон, тоа беа тригодишната Грејс ван Кутем, тригодишната Елиса Лопес, внука на Камила, седумгодишната Леди Луиз Виндзор и осумгодишната Маргарита Армстронг-Џонс, кои беа роднини на принцот Вилијам. Меѓутоа, Мидлтон ја прекрши традицијата, кога ја поставила и својата 27-годишна сестра Пипа, како најстара деверуша во историјата на традиционалната кралска свадба.

Шапки мора да се носат во црквата

Дали сте забележале дека британките имаат тенденција на кралските свадби да носат елегантни, разиграни и речиси скулптурни шапки? Излгеда дека тие се задолжителен моден додаток. Дамите треба да бидат облечени соодветно на правилата на црквата, односно гардеробата мора да ги покрива рамениците, мора да се носат соодветни долги фустани, но исто така и косата треба да биде покриена.

Назад во 1800-те години, сите дами носеле капи, бидејќи тоа било знак за скромност и почит, а потоа во околу 60-ти години овој тренд почнал да се применува за венчавките во црква, особено за кралските церемонии.

Разбирањето за носење шапки е двострано: шапката внесува празнично расположение, а колку повеќе дамите-гостинки на свадбата изгледаат празнично, толку посреќна ќе биде венчавката на двојката . Но и колку повеќе е впечатлив дизајнот на шапката, колку е поскап овој моден додаток, толку е повисока вашата положба во општеството.

Бидермаерот мора да ја содржи билката мирт

Билката мирт има уште и прекар „билка на љубовта“, а кралска традиција е оваа билка да биде вклучена во букетот кој го носи невестата. Традицијата започнала од 1800-тите, кога кралицата Викторија се омажила за принцот Алберт. По нивната свадба таа засадила мирт во нивната градина, а секоја кралска невеста оттогаш носи зеленило од таа билка во сопствениот букет – од кралицата Елизабета, до принцезата Дијана, до Кејт Мидлтон, па секако дека мирт во својот букет ќе има и Маркл.

Гардеробата на младоженецот треба да биде војничка

Почнувајќи од венчавката на принцот Алберт, којшто се омажи за кралицата Викторија во 1840 година, принцот носеше целосна воена облека. Оттогаш, кралските младоженци на своите свадби носат стилизирани воени униформи, меѓу кои и принцот Филип, кој носеше униформа на поморски командант, во слична таква униформа на поморски командант се венчавал и принцот Чарлс, додека принцот Вилијам носеше носеше униформа на полковник.

Земејќи предвид дека принцот Хари служел војска цели 10 години со ранг на капетан, тој најверојатно ќе се појави во неговата униформа.

Бурмата мора да содржи велшко злато

Според традицијата, бурмите на кралското семејство се направени од велшко злато, уште од 1923 година, од свадбата на родителите на кралицата Елизабета, Џорџ VI и Елизабет. Оттогаш брачните двојки се даруваат со злато од рудник во Северен Велс, но и свадбените прстени се изработуваат токму од тоа злато, како што бил случајот и со бурмата на кралицата Елизабета, до принцезата Маргарет, принцезата Дијана и Кејт Мидлтон.

Свадбениот фустан ќе биде дизајниран од британски дизајнер

Иако не е официјално правило, вообичаено е невестата да избере британски дизајнер со цел да го прослави локалниот талент, како и да ја зајакне економијата на земјата со маркетинг на нивните производи во текот на важниот ден. Традицијата започнала со кралицата Викторија во 1840 година. Кралицата Елизабета го следела примерот, барајќи од британскиот дизајнер Норман Хартнел да го дизајнира нејзиниот венчален фустан, принцезата Дајана пак, за дизајнер на својата венчаница ја одбра Елизабет Емануел, а Мидлтон – Александар Меквин.

Лакот за нокти мора да биде во неутрална нијанса

Маркл нема да биде во можност на венчавката да носи храбра нијанса на лак за нокти. Всушност и по свадбата, таа ќе мора да носи на ноктите неутрална нијанса во светла и речиси незабележлива боја, а друга боја на лак може да носи само кога таа ќе го поминува времето дома и кога нема да се ангажира во кралските должности. Само природни нокти се дозволени на официјални кралски настани.

x

Check Also

Ирина Шаик ја претставува новата колекција на INTIMISSIMI

Италијанската модна марка за долна облека Intimissimi ја претстави зимската колекција. За ...