Еве кој град е прогласен за најдобар град во светот

Листата се базира на податоци кои се собрани во текот на изминатата година.

Откако минатата година се најде на второто место, веднаш зад Париз, годинава го заслужи првото место. Станува збор за главниот град на Велика Британија, Лондон. Според истражувањето, ова прво место се должи, меѓу другото, и на силниот ефект на кралското венчавање на принцот Хари и Меган Маркл кое се случи лани.

По свадбата на Хари и Меган, посетата на Бекингемската палата и смената на стражата пораснала за дури 231 отсто во текот на изминатите 12 месеци. Но и да не сте посебни љубители на кралското семејство овој град во себе крие нешто и за вас.

Лондон има возбудлива историја, како центар на креативноста и слободното размислување, од Шекспир до раѓањето на панк движењето и модните писти на денешницата. Неговата креативна енергија и културна разноличност може да се почувствуваат во секој негов аспект – храната, модата, уметноста, изложбите, бутиците, продавниците и ноќниот живот.

Се разбира, градот изобилува со музеи, барови, улични изведувачи и се друго што може да посакате. Изобилува со луксузни хотели, ресторани, галерии.., кои го претвораат Лондон во град од бајките за сите оние кои се љубители на потрадиционалните патувања.

x

Check Also

Ова е најпосакуваниот базен во светот

Бањањето во базенот Marina Bay Sands e неповторливо доживување. Базенот се простира на три ...