Еве колку ќе чини свадбата на принцот Хари и Меган Маркл

Од цветни аранжмани до кетеринг и фотографии, еве колку ќе чини свадбата на Хари и Меган.

Кетеринг

Храната е една од највисоките трошоци, делумно поради тоа што паорт ќе има повеќе од една прослава. Прво,  ќе има формален прием за шефовите на држави и високите претставници. Потоа, следува вечера со пријателите и блиските роднини. Менито чини околу 150 евра по лице за ручекот и 350 евра по лице за вечерата. Покрај тоа, прослава ќе има и за 2640 припадници на јавноста, кои беа поканети да ги пречекаат младенците, а на нив ќе им бидат понудени пијалоци и закуски.

Се проценува целиот трошок за кетеринг да биде околу 320 илјади евра.

Пијалаци

Пиењето оди рака под рака со храна. Bridebook пресметал дека една чаша шампањ ќе се сервира повеќе или помалку на секои 30-на минути за време на приемот, во просек тоа би било по половина шише шампањ по лице по оброк. Што значи дека околу 2.300 шишиња шампањ ќе бидат испиени. Ако се претпостави дека избраната етикета ќе биде Болингер, префериран од семејството Виндзор, станува збор за сума од 155 илјади евра само за шампањ, на што мора да се додадат и трошоците за други пијалаци (уште околу 70 илјади евра).

Венчаница

Сеуште не е познато кој ќе биде дизајнерот на венчалниот фустан што ќе го носи Меган Маркл, но се претпоставува дека изборот на фустан ќе варира меѓу 180 илјади евра до 250 илјади евра. Поточно, целиот изглед на Меган би изнесувал околи 300 илјади евра. Иако постои можност невестата да одлучи да ја промени тоалетата во текот на вечерта, што последователно би значело и зголемување на трошокот.

Фотографии и видео

Мајл Пилкингтон ќе биде задолжен за фотографирањето на двојката. Самиот настан пак, ќе биде пренесуван на телевизија (во повеќе земји во светот), но младите сакаат да имаат и свое, приватно видео. Целиот трошок за фотографии и видео се проценува на околу 17.илјади евра.

Цвеќе

Цвеќињата се трошок што навистина изненадува. Само цветните украси би можеле да чинат околу 125 илјади евра.

Торта

Свадбената торта треба да има минимум осум спрата за да ги задоволи непцата на сите гости. Се шпекулира дека тортата ќе се базира на овошје. Изборот на двојката би можел да падне, според гласините, на Фиона Кернс или Розамунд Милер, меѓународно познати дизајнери на торти. Трошоци: речиси 60 илјади евра.

Покани

Само за дизајн и испраќање на покани за гостите, парот треба да потроши околу 22 илјади евра.

Музика

Музиката е сеуште „отворено“ прашање. За сега, циркулираат во јавноста повеќе различни имиња кои можат да бидат ангажирани како пејачи на настанот. Меѓу имињата за кои се зборува се и Елтон Џон, Софи Елис Бекстор и Спајс Грлс. Се проценува дека музиката ќе чини околу 350 илјади евра.

Декорации

Осветлувањето и декорциите на локациите, меѓу кои и на црквата и замокот, вклучувајќи ги и улиците, имаат потреба од стратешка и широка организација. За ова, Хари и Меган ќе платат речиси 150 илјади евра.

Костум за младоженецот

Се претпоставува дека принцот Хари ќе носи униформа Royal Air Force, каква што носеше и принцот Вилијам на свадбата со Кејт. Трошок – 9 илјади евра.

Шминка и фризура

Познати мејк-ап артисти ќе се грижат за изгледот на Меган. Трошокот за нив ќе изнесува околу 11.500 евра.

Анимации

Нема да биде доволна само музика, на свадбата ќе има и спектакли за гостите како и анимација за децата, за никому да не му биде здодевно. Трошоците за ова се предвидени во висина од околу 62 илјади евра.

Транспорт

За ова, младите можат да бидат спокојни. Ќе се превозуваат во Ролс Ројс, но и во Астон Мартин. Бесплатно.

x

Check Also

Хејди Клум ги претстави костимите за капење дизајнирани од неа

Хејди Клум позира топлес за насловната страница и едиторијалот по повод 25годишнината ...