Еве што мисли принцот Чарлс за Меган Маркл

Меган Маркл и принц Хари се кралски пар кој моментно привлекува најголемо внимание. Сепак, за тоа што помалку се зборува, е каков е односот на Меган со останатите членови на кралското семејство. Дали тие го прифатија изборот на Хари?

Мислењето од кралицата Елизабета можеби никогаш нема да го дознаеме, но принцот Чарлс неодамна изјави нешто според кое може да заклучиме дали е Меган прифатена како рамноправен член на семејството.

Да се потсетиме, таткото на Хари, принцот Чарлс, беше тој кој ја одведе Меган до олтарот, кога нејзиниот татко не дојде на свадбата. И не само тоа, во миговите кога таа се бореше со семејните проблеми, Чарлс и беше голема поддршка. Изгледа дека меѓу нив постои голема блискост и дека нивниот однос се развива во убава насока. А дека тоа е навистина искрено, зборува и неговата неодамнешна изјава дека Меган е нешто најдобро што му се случило на принцот Хари. Од оваа изјава многумина останаа воодушевени.

x

Check Also

Среќен роденден „Исцелител“ – една година од светската премиера

Денеска изминува една година од светската премиера на Исцелител, дебитанскиот филм на ...