Меган Маркл го напушти Лондон минатиот петок и замина за Њујорк, каде вчера се случуваше забавата „baby shower“ посветена на нејзиното се уште неродено бебе.
Маркл беше облечена во минималистичка, шик, црна модна комбинација – тесни фармерки, чевли во „nude“ нијанса и чанта во истата нијанса, и предимензионирани очила за сонце.
На забавата присуствувале 15 најблиски пријателки на Меган, меѓу кои и глумицата Прајанка Чопра, Абигел Спенсер и најдобрата пријателка – Џесика Мулрони.
Забавата била организирана од Џесика Мулрони, со која Маркл не е само пријателка, туку ја ангажира и како стилист. Друштвото девојки се собрале во француската слаткарница Ladurée во њујоршката позната област SoHo.