Еве зошто Бред Пит не сака да има профил на Инстаграм

Ако нешто недостига на Инстаграм, тое е глумецот Бред Пит. Никогаш немал Инстаграм профил и нема намера да се приклучи на социјалните мрежи.

И додека некои од неговите колеги со кои глуми заедно во новиот филм, Once Upon a Time, како Марго Роби, Леонардо ди Каприо и Дакота Фенинг уживаат да објавуваат постови и фотографии на Инстаграм, истото тоа не може да се каже и за Бред Пит.

На премиерата на филмот во режија на Тарантино, Once Upon A Time In Hollywood, бил запрашан зошто нема Инстаграм профил.

-Никогаш тоа нема да се случи!, одговорил Пит.

Но, веднаш потоа додал „Не ми се допаѓа да кажам никогаш. Но, мојот живот оди доволно добро без Инстаграм. Не гледам смисла да отворам профил.

А на крајот, завршува: „Ми се допаѓа мојата приватност“.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...