Еве зошто Џулија Робертс и Мадона не се бричат во јануари

Нов хит го зафати светот и тоа во месецот јануари – жените ги забораваат восочни ленти и жилетите за да учествуваат во #Januhairy.

Не требаше долго да се убедат зафатените мајки да не ги отстрануваат влакната во овој период од годината. Оваа револуција од почетокот на годинава започна како експеримент во 2018 година и зема се поголем замав. Но, за што станува збор?

Бела Торн

Станува збор за „растење“ на влакната- насекаде на телото – во текот на целиот јануари, со цел да се промовира довербата и прифаќањето на телото. Студентката Лора Џексон ја започна иницијативата #Januhairy во 2018 година, а сега на официјалната страница на Инстаграм се собрани над 18.4k следбеници. Жените ја користат интернет-платформата за да споделат фотографии од нивните влакна на телото. На оваа акција се придружија и познатите жени, како Мадона, Џулија Робертс, Кара Делевињ, Емили Ратајковски, Бела Торн и Мајли Сајрус.

 

x

Check Also

Принцот Чарлс го помина коронавирусот со благи симптоми, ѝ се обрати на јавноста

Принцот Чарлс зборува за прв пат по излегувањето од самоизолација. 71-годишниот наследник ...