Еве зошто е корисно да се пие сок од домати

Новото истражување тврди дека конзумирање на чаша сок од домати дневно може да помогне во намалување на крвниот притисок и да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Јапонските научници на ова истражување работеле една година, откривајќи дека луѓето кои пијат чаша сок од домати еднаш на ден, имаат понизок притисок. Истата група на луѓе имала и пониско ниво на холестерол, што е одлична вест за оние кои патат од срцеви болести.

Во истражувањето учествувале 481 испитаници, од кои 184 мажи и 297 жени. Дозволено им било во текот на една година да пијат колку сакаат сок од домати и секој ден да бележат колку чаши испиле.

Доматите имаат и други предности, објаснуваат научниците, богати се со антиоксиданси и помагаат во шансата за забременување.

x

Check Also

Здравствени придобивки од возење велосипед!

Последните години, актуелни се предностите од изборот на велосипедот како превозно средство ...