Еве зошто сме „луди“ по бисерниот накит од MAJORICA

Во 1890-та година, на островот Мајорка во Шпанија, роден е брендот Majorica; од страста за бисерите и визијата на еден човек: Едуард Хеуш. Во тоа време, кога бисерите биле најредок и најдрагоцен накит, овој алхемичар го измислил уникатниот процес на рачно изработени органски бисери. Бисерите, еден по еден, рачно се изработуваат и одбираат, со постапка која е слична на процесот на настанување на култивирани бисери.

Бисерот  Majorica се состои од кристално опално јадро и поседува идентични својства на густина и тежина како и кај култивираните првокласни бисери. Покриен е со повеќе слоеви на „бисерна есенција“, екстракт добиен од органски елементи од Средоземното Море со примена на единствена, чувана во тајност, техника. Нејзината комплексна формула верно ја претставува раскошноста, убавината, издржливоста и совршенството на најдобрите природни бисери.

По брусењето, бисерот Majorica се третира со посебна постапка за да се заштити од надворешните влијанија, постигнувајќи неспоредлив степен на квалитет и отпорност. Сите бисери имаат гаранција од 10 години.

Накитот е изработен од врвно сребро 925. Бисерите пак, се рачно везени со двоен јазол. Повеќе од 120 години, Majorica ги обединува врвните занаети и традиции, нудејќи безвременски колекции и нови авангардни дизајни четири пати годишно. Брендот нуди широк асортиман со повеќе од 450 производи.

Како што говори и самото име, станува збор за феномен кој во потполност е дело на природата, настанат од случаен влез на страно тело во внатрешноста на остригата. Тоа иритирачко присуство го провоцира одбранбениот механизам на остригата, па таа излачува супстанција со која полека го покрива споменатото тело. По повеќе години се формира бисер кој, доколку постигне совршена боја, сјај, текстура и форма, ќе достигне многу висока цена. Кога би го пресекле природниот бисер и би го ставиле под микроскоп, би виделе дека јадрото на страното тело е речиси незабележливо и дека бисерната супстанција која го покрива телото е составена од слоеви, почнувајќи од средиштето до надворешната површина. Денес, на пазарот, природни бисери и речиси да нема, што ги прави непроценливи. Поради тоа повеќето од таканаречените природните бисери што ги наоѓаме во златарите се, всушност, култивирани бисери.

Култивираните бисери се резултат на јапонските експерименти од 19-от век. Јапонецот Микомото во 1913-та година ја усовршил техниката за создавање на култивирани бисери. Се работи за провоцирање на бисерното лачење на остригата, со вештачко произведено јадро од страна на човекот. На остригата и е потребно меѓу една и половина година и три години да произведе квалитетни бисери. Поради растечката побарувачка, многумина одгледувачи драстично го намалуваат времето на производство на месеци. Резултат се бисерите со ниска цена и секако, квалитетот, а таквите бисери се склони на оксидација и површински недостатоци.

Единствените органски Majorica бисери имаат врвен квалитет, и за споредба, настануваат по пат на сосема еколошки начин на производство. Затоа, бисерите од Majorica се препознатливи и по бојата, сјајот, текстурата и отпорноста. Заклучниот резултат на истражувањата во лабораториите за драги камења е дека бисерите Majorica се култивирани бисери од прва класа.

Бидете Елегантни и префинети со BETA JEWELS.

Дополнете го Вашиот изглед со безвременските ексклузивни парчиња накит од MAJORICA!

Skopjе City Mall I кат, Ramstore Mall приземје.

x

Check Also

Анастасија Ј. Гапиќ: Трендовска плус-сајз колекција за есен-зима за жени со самодоверба

За трендот оваа сезона есен-зима за дамите со облини, како и потребата ...