Европска земја во која возовите и автобусите се бесплатни

Веста која пристигна од Луксембург најмногу ги развесели локалните жители, но и бројните туристи кои од ова ќе имаат полза. Имено, Луксембург ќе биде првата земја која нема да го наплатува јавниот превоз.

Од следното лето во Луксембург нема да се наплатуваат билетите за возови, трамваи и автобуси. Но, ни моменталните цени не се високи. На пример, два часа патување чини 2 евра, а за прва класа – 2, 8 евра. Целодневен билет во втора класа чини 4 евра.

Превозот за млади веќе е бесплатен, а годишен билет за јавен превоз, кој ги вклучува сите јавни, превозни возила, чини 148 евра.

Освен што сака да ги намали трошоците на граѓаните, власта има дел да ги извлече луѓето од автомобилите за да се намали сообраќајниот метеж.

x

Check Also

Новото истражување тврди дека годишниот одмор го продолжува животот

Да се ​​соочиме: стареењето е тешко. Количината на работи што треба да ...