Франческо Габани

Евровизија 2017: Топ 3 најзгодни пејачи за кои ќе навиваме

Доколку следите Евровизија, сигурно сте запознаени со три машки имиња кои освен што пејат добро изгледаат многу добро.

Како и стајлингот, изгледот на сцената придонесува за успехот на еден претставник, а овие тројца фраери „немаат гајле“ кога се во прашање мускулите, сексапилноста и (младите) женски срца.

Ховиг

Топ 3.

Ховиг, Кипар

Овој ерменски уметник кој се појави на „Икс Фактор-Грција“ во 2009 година учествувал на националните избори за Евровизија во 2010 и 2015 година, за конечно годинава да биде избран како претставник на Кипар.

Миленикот на женската помлада популација на бината се појави во кожена јакна со нитни и…влезе во финалето.

Топ 2.

Робин Бенгстон, Шведска

Робин Бенгстон

Откако се појави на „Swedish Idol“ овој пејач од Шведска ги освои „од прва“ младите женски срца. Поп пејачот е многу популарен во својата земја, но одлично се пробива и во Европа. Бенгстон настапи на првата полуфинална вечер со песната I cant go on, и влезе во финалето.

Топ 1.

Франческо Габани

Пејач, текстописец и композитор, Франческо Габани како претставник на Италија е најголемиот фаворит на Евровизија 2017. Во меѓувреме се подготвува да го издаде третиот албум, а очигледно е дека секојдневно време одвојува и за фитнес-салата. Форца Франческо!

 

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...