EXIT ја претставува убавината на Црна Гора преку Sea Dance стикери на „Вибер“, за повеќе од милијарда корисници ширум светот!

Како најава за овогодишното моќно издание на „СИ ДЕНС“ (Sea Dance) фестивалот во Црна Гора, тимот на „Егзит“ го претстави посебниот „Си Денс“ пакет бесплатни стикери за „Ракутен Вибер“ (Rakuten Viber) и официјалната „Си Денс Комјунити“ на оваа водечка глобална платформа за размена на пораки! Повеќе од милијарда корисници на „Вибер“ ширум светот ќе можат да го изразат својот фестивалски дух, енергија и страст така што бесплатно ќе ги преземат и споделуваат експресивните визуели од новиот пакет стикери посветен на „Си Денс“ Фестивалот, водечките ѕвезди кои ќе настапат на ова издание и единственото фестивалско искуство во амбиентот на природните убавини на црногорскиот брег. Преку членството во официјалната „Комјунити“ (Вибер група) на овој фестивал, обожавателите ќе можат редовно да примаат и следат најнови и најважни информации за програмата на „Си Денс“ и дополнителните случувања, да учествуваат во наградни игри и останати натпреварувања и да уживаат во официјалните фотографии и видео-клипови од фестивалот веднаш по нивното објавување. Судејќи по успехот кој го оствари фестивалскиот пакет со стикери за „ЕГЗИТ“ за време на изминатите години, со повеќе од 3.5 милиони преземени стикер-пакети во 174 земји во светот, кои беа споделени 42 милиони пати, сите околности наговестуваат дека и новите „Си Денс“ стикери ќе ја уживаат истата популарност и ќе ги достигнат импозантните бројки ширум планетата. ЕГЗИТ Фестивалот кој е еден од 10-те најпопуларни глобални брендови на апликацијата „Вибер“ – покрај ФК Барселона, Кока-Кола и други, со ова направи уште еден важен чекор во подалекусежна влијателна промоција на Црна Гора и градот Будва – меѓу другото и со тоа што овој пакет стикери нуди опција за бесплатно преземање и во англиска верзија за корисниците на „Вибер“ ширум светот.

Како туристичка организација која од пред неколку години го пласираше првиот пакет со дестинациски ’Вибер’ стикери во Црна Гора – и уште тогаш го препозна значењето на овој вид на промоција – и понатаму сметаме дека станува збор за одличен начин да се промовира фестивалот, а Будва да се позиционира на самиот врв на листата на дестинации кои ги следат светските трендови и одат во чекор со времето“, го поздрави овој потег и Маја Лијешевиќ, директорката на Туристичката организација Будва.

Во компанијата ’Ракутен Вибер’ сме многу среќни поради тоа што повторно сме официјална платформа за комуникација на возбудливиот ’Си Денс’ фестивал, на кој учествуваат најголемите светски музички ѕвезди пред најдобрата фестивалска публика во величествената Црна Гора. Горди сме и што можеме секогаш да овозможиме нови начини за споделување на духот на овој исклучителен настан меѓу обожавателите на фестивалот, учесниците и организаторите. Единствениот, впечатлив и бесплатен пакет стикери за ’Си Денс’ и динамичниот ’Вибер Комјунити’ претставуваат идеална платформа за споделување на релевантните информации за фестивалот, ексклузивни содржини и впечатоци на публиката – за вистинско чувство на создавање трајни спомени и уживање во забавните и најпозитивни летни вибрации на вистински ’Си Денс’ фестивалски начин“, изјави Даниела Иванова, директорка за деловен развој во компанијата „Ракутен Вибер“ за централна и источна Европа.

Интересот за овогодишното издание на СИ ДЕНС Фестивалот, кој ќе биде одржан од 30-ти август до 1-ви септември на плажата Буљарица кај Будва, е поголем од било кога. Причината за тоа, помеѓу другото, лежи и во фактот дека големите ѕвезди во тиркизниот залив ќе ги претстават десетиците најголеми светски хитови во овој момент, а листата со одлични имиња ја предводи најголемиот музички продуцент на 21-ви век, Дејвид Гета (David Guetta). Надалеку прочуената „ЕГЗИТ Денс Арена“ ќе ја преземе главната бина на „Си Денс“ фестивалот со помош на водечките техно имиња, како Свен Ват (Sven Väth) и Ричи Хотин (Richie Hawtin), додека за саботното лудило ќе бидат задолжени германскиот хитмејкер Робин Шулц (Robin Schulz) и француското рок-хаус дуо Офенбах(Ofenbach)! Ќе настапи и британското хаус трио Дисајплс (Disciples), но и андерграунд електронските херои како Хелена Хауф (Helena Hauff), Рикондајт (Recondite), Елке Клеијн (Eelke Kleijn), Гаизер (Gaiser) и многу врвни балкански ѕвезди меѓу кои и Дарко Рундек.

Преземете ги бесплатно Sea Dance стикерите на апликацијата Rakuten Viber овдеhttps://vb.me/5058a8

x

Check Also

iPhone 11 во продажба од 20.септември: Повеќе камери, повеќе бои и помала цена

Apple го претстави новиот iPhone 11. Кампањата најави три нови изданија : iPhone 11 ...