Фановите против „бесните“ подароци за деца на Ким Кардашијан

Ким Кардашијан е позната по тоа дека сака скапи и луксузни работи, но нејзините божиќни подароци за девојченцата од семејствата Кардашијан -Џенер, предизвикале реакции кај фановите на социјалните мрежи.

Самата Ким на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која се прикажани подароците, а станува збор за скапи Луј Витон чантички „Спиди Мини“, од колекцијата Такаши Мураками. Чантичките ги нарачала од Јапонија.

Но, рекациите на фановите не беа баш добри, зашто мнозинството мислеле дека Ким со ваквите подароци претерува и дека вакви скапи работи да им се подаруваат на мали деца нема никаква смисла.

Сепак, рекациите не ја „допреле“ Ким, а веројатно и децата од семејствата Кардашијан – Џенер веќе се навикнати на „збеснати“ подароци.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...