Фантастична фотосесија на Лејди Гага за списанието Allure: Сите несигурности од младоста се вратија да ме каснат!

Што и да прави Лејди Гага, тоа го прави „на големо“. Таква е фотосесијата реализирана за октомвриското издание на списанието „Allure“ чија насловна страница ја краси Лејди Гага. 

Дениел Џексон преку уметничка фотосесија ја претставува Лејди Гага и модните трендови за октомвриската сезона. Хит за постудените денови, да ве потсетиме, ќе бидат турбаните, а Гага позира со модел од Џулија Кленси. Мејкапот е од козметичката линија Haus Laboratories. Во интервјуто кое го следи едиторијалот, Гага објаснува – „Никогаш не сум мислела дека сум убава, и се уште имам денови кога не се чусвтвувам убава. Сите несигурности со кои се соочував целиот мој живот, од времето кога бев млада, се вратија за да ме каснат. Потоа, ставив шминка и го почувствував суперхеројот во себе. Тоа ми дава крилја да летам“. 

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...