Farina’s handmade, модна приказна со посебен шарм

Со посебна љубов и страст е изработено секое Farina’s handmade парче накит . Модните додатоци ги надминуваат стереотипните нишки на креирање создавајќи нов модерен дизајн инспириран од минатото, сегашноста и – иднината.


Нашата омилена е добро познатата Фарина девојка која постојано го менува својот изглед. Позната по својата фризура и долги шишки, Фарина девојката е вметната во скоро секоја нова колекција на Farina’s handmade, затоа што е посебна.


Вљубени во геометрија и минимализмот, креираат форми кои го разубавуваат нашиот изглед, а и нашиот дом.

Чантите и ранците на Farina’s handmade имаат некој посебен шарм. Уникатни, препознатливи, колоритни и направени од внимателно одбрани материјали.

Некоја посебна магија има овој накит кој не освојува секоја година сè повеќе и повеќе. Секогаш поинакви, секогаш свои, моќни, а толку неодоливи се парчињата накит и модни додатоци на Farina’s handmade.


Боите на есента доминираат во новата колекција на Farina’s handmade, како и препознатливите мотиви, но, овојпат, во есенско руво.

Уживајте во онлајн изложбата на овој македонски бренд на кој сме особено горди, додека „шармира“ во Софија на “На Горнија Рафт”.

 

 

x

Check Also

Црни модни изгледи за зима 2019/20 од & Other Stories

„Фрлете“ погледн на црните модни комбинации од модната марка & Other Stories дизајнирани ...