Фармерките кои ги носеше Меган Маркл станаа хит, а сега се пак во продажба

Ако сеуште се сомневате дека Меган Меркл не е една меѓу највлијателните личности во модниот свет, прочитајте ја оваа интересна информација.

Меган Маркл во фармерките кои веднаш станаа бестселер

Имено, фармерките кои таа ги носеше во Торонто, минатиот октомври, (многу едноставен модел на фармерки), од не толку познатата американска фирма Mother, со седиште во Лос Анџелес, молскавично брзо станаа хит, а со тоа и брендот си го прочу името низ светот.

Целата залиха од овој модел фармерки била распродадена за два-три дена, а сега повторно се вратени во продажба поради големата побарувачка за нив. Инаку, само ден по распродажбата, на листа на чекање за овие фармерки се пријавиле 400 лица. Цената на фармерките е 228 долари.

Во интервју за списанието „Гламур“, претседателот на брендот Mother, Лејла Бекер, објаснува дека откако Маркл ги облека нивните фармерки, пребарувањата на „гугл“ за нивната фирма се зголемиле за 60 отсто и тоа веќе следниот ден, а продажбата скокнала за 200 отсто.

Меган Маркл слим-фит фармерките ги носеше во комбинација со бела кошула, рамни чевли, класична предимензионирана кожена чанта и класични очила за сонце.

фамерките Mother

x

Check Also

Какви костими за капење носат супермоделите ова лето

Летото е во полн ек за светските супермодели кои се одмораат на ...