Фармерките на Дајан Китон – ѕвезди на Инстаграм

73-годишната глумица Дајан Китон уште еднаш докажа дека е голема модна инфлуенсерка.

Глумицата е од 2015 година присутна на Инстаграм и има над 900.илјади фанови на оваа социјална мрежа. Неодамна таа објави фотографија на Инстаграм на која позира во музеј во Њујорк, облечена во црна ролка и широки фармерки.

Со постираната фотографија, таа пишува – „Што се однесува до фармеркиве, ги носев во авион, ги носев во Hotel Dupont, ги носев во Delaware Art Museum. Ги носев додека шетав на Вилмингтон, ги носев во воз во Њујорк. И никогаш не сум добила повеќе комплименти од билошто друго што сум носела во животот“.

Но, Китон заборавила да нашише од кој бренд се фармерките, па освен куп лајкови, следуваа лавина прашања. Меѓу љубопитните, на Инстаграм се јавија и Гвинет Палтроу, Џенифер Гарнер, Мишел Фајфер, Кејт Хадсон и Дебра Месинг прашувајќи – кој ги дизајнираше фармерките?

По неколку часа, Китон се „врати“ на Инстаграм со нова фотографија и нов пост објаснувајќи дека генијалните фармерки се од Мезон Маргиела.

Сличен модел на фармерки, ние најдовме во LEVIS.

levis

 

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...