Фармерките ви се тесни, еве 3 трикчиња како да ги раширите

Фармерките можат да бидат многу проблематични кога ќе ставите некој килограм повеќе на себе. И сега веќе не ви одговараат, а не сакате нови. Како да ги раширите?

slika 100

Сите сме се нашле во таква фрустрирачка ситуација кога фармерките почнуваат да ни „пукаат“. За среќа постојат неколку трикчиња за да се рашират.

1.Испрсакјте ги со млака вода па развлечете ги да се растегнат. Мокрите фармерки растегнете ги со раце во сите насоки и ќе ја видите магијата како повторно ќе ви одговараат.

2. Влезете во топла када со фармерките на вас. Да, ова звучи можеби малку лудо, но делува. Облечете ги фармерките, наполнете ја кадата со топла вода (топла, не жешка!) и седете во неа 10-на минути. Топлата вода ќе го растегне материјалот и моделот ќе го дефинира според вашето тело. Потоа, соблечете ги фармерките и оставете ги да се исушат на собна температура.

3.Внимателно отстранете го внатрешниот ремен. Оваа техника е само за оние кои имаат „фат“. Најчесто фармерките имаат внатрешен ремен кој доколку го отстраните тие ќе станат пошироки кај струкот.

x

Check Also

Балканско-европска турнеја на „Работи за кои не зборуваме“

Македонскиот народен театар и Wonderland Theatre со претставата „Работи за кои не ...