FASHION GROUP И „ДОБРЕДОЈДЕ“ Macedonia Welcome Centre во кампањата „Со срце за секоја една”

Fashion Group и „Добредојде” Macedonia Welcome Centre се приклучуваат кон глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство”.

Дел од секоја трансакција направена на 09.12.2017 година (сабота) во продавниците на Fashion Group во Skopje City Mall, ќе се искористи за поддршка на Организацијата на жени на град Скопје, односно за шелтер центарот за заштита на жртви од семејно насилство.

Истиот ден, на штанд поставен пред продавницата Women’secret, каде домаќин ќе биде „Добредојде” Macedonia Welcome Centre, ќе бидат достапни повеќе материјали поврзани со Организацијата на жени и нивните активности во однос на заштита на жртвите на семејно насилство.

Во исто време, како мотивација за купувачите Fashion Group ќе овозможи промотивни цени во своите продавници во Skopje City Mall.

Ве покануваме да нè посетите и да се придружите кон оваа глобална иницијатива!

 

 

x

Check Also

Од кои спортови ќе имате најголема полза? Huawei Watch GT 2 Pro е совршен придружник за сите!

Бурните времиња не треба да ја намалат физичката активност, туку треба да ...