Fashion month во Skopje City Mall за сите љубители на модата

За сите љубители на модата и модните трендови Skopje City Mall организира кампања “Fashion month”, која ќе трае до 4-ти јуни. Во периодот кој следи секоја недела ќе биде посветена на различни групи на производи каде ќе биде презентирана понудата на закупците, а производите ќе можат да се купуваат по намалени цени. За потребите на визуелниот концепт, тимот на Pikado Creative Collective организираше фотосесија инспирирана од модата и златната боја – вечен синоним за елеганција.

За оваа кампања беа ангажирани и двајца млади македонски фотомодели, Симона Станковска и Кристијан Иваноски, а за шминката се погрижија од “Мое студио – Дадар”. За креативната фотосесија се изработи наменска сценографија со златни рамки, а се креираше и логотип во облик на златна закачалка, препознатлив знак за време на четирите модни недели во Skopje City Mall.

Симона вели дека фото-сесијата и соработката за оваа кампања биле интересно и необично искуство. – “Кампањата за Fashion Month е сама по себе интересна, а воедно е и помош за сите матуранти/ки, бидејќи Skopje City Mall нуди сѐ што им е потребно за матурската вечер. Освен тоа и сите љубители на модата имаат можност да си го збогатат гардероберот со уште некое модерно парче облека. Фото-сесијата за оваа кампања беше интересно и необично искуство, токму поради тоа што дизајнот на фотографиите е 3Д, а за истите не е употребена монтажа и посебна графика, туку употребивме креативност и дополнителни реквизити како рамки за фотографии од кои излегуваме ние од различни агли. Сите заинтересирани ќе имаат можност да нѐ следат преку социјалните мрежи instagram и facebook, каде секој ден се објавуваат слики и видеа од кампањата. Се гледаме во Skopje City Mall!”

Денес е последен ден од матурската недела, па затоа сите матуранти кои сѐ уште се во потрага по својата совршена комбинација, може да ги искористат попустите во Skopje City Mall. Од утре започнува неделата која е посветена на џинсот. Џинс-манијата ќе трае до 17.05, а веднаш потоа започнува shoes mania, каде закупците ќе го понудат најдобриот избор на чевли по намалени цени. Последниот дел од Fashion month е резервиран за фустаните и со тоа ќе се заокружи месецот на модата.

“Ова е прекрасен проект кој што на матурантите ќе им помогне да го направат вистинскиот избор. Работев со професионална екипа полна со ентузијазам и голема посветеност и со задоволство ќе заклучам дека мојата соработка со Skopje City Mall и Picado Creative Collective беше одлична.”- изјави Кристијан.

За време на Fashion Month и четирите модни недели (Prom, Jeans, Shoes, Dress), се подготвуваат и тематски креативни поставки кои ќе бидат сместени во просториите на трговскиот центар со најновите модни парчиња кои ќе бидат дел од неделните попусти.

x

Check Also

Катарина Јовановска ја освои тутулата најфотогенична на изборот за убавина ЕВРОАЗИЈА 2021

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen ...