Фати го возот од Битола – успешни стартап приказни

Железничката станица во Битола симболично беше искористена за настанот “Фати го возо(т) зошто и од Битола се можи(е)” во организација на Преда плус фондацијата, која на овој начин одбележа 1 година на Битола старт ап центарот, ги добра на едно место сите  4 генерации на стартапџии кои излегоа од нивниот акцелератор и прослави 10 години од формирање на фондацијата која го менува пејзажот на старт-ап сцената во Пелагонискиот регион.

На настанот говореа Горјан Јовановски-активист и CEO на AirCare, Елизабета Мемца-Менаџер во :IWConnect, Игор Изотов-старт-ап гуру и член на тимот Accelerator Lab UNDP и Благој Мицевски-костимограф кои ги раскажаа своите кариерни патишта по светот, но и зошто ги задржале локалните адреси да живеат во родните градови, а се осврнаа и на предизвиците на пандемијата и како продуктивно работеа и создаваа без пречки.

– На ова место пред повеќе децении беше последната станица на возот кој тргаше од Љубљана, Словенија…..и пристигнуваше во Битола.
Многумина во својата колективна меморија станицата во Битола ја доживуваа како место на крај или место на разделби. Но денес, оттука продаваме идеи на светот преку над 150 регистрирани ИТ компании во градот, кои главно работат аутсорсинг, истакна модераторот на настанот Љубица Ангелкова.

 На настанот кој се случуваше во мултифункционалниот простор на Клубот Јагода, на вагон поставен на шините настапи бендот Фолтин кој создава музика која ја изведува и се продава по светот, но тие живеат во Битола што очигледно не е пречка оттука музички да го крстосуваат светот.

– Денес сме тука заедно да го заокружиме проектот кој докажа дури и во годината во која сите тешко функционираа дека и од Битола се може. Гледам генерации на млади луѓе кои имаат силна желба за личен успех, а преку започнатите старт-апи тоа го покажаа и на дело, изјави Наташа Симјановска која го координираше проектот за зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот и ЕУ.

Преку овој проект над 80 претприемачи со нови бизнис идеи се вклучени во стартап програмите, креирани се вкупно 45 бизинс модел канваси на нови бизнис идеи, ангажирани беа  17 ментори и бизнис консултанти за поддршка на новите стартапи. Со поддршка на Меѓународната организација на труд, преку фондови на ЕУ обезбедени  24.000 евра за грантови за стартување на нови бизниси. Формирани се 9 нови стартапи, уште 3 стартап учесници во оваа програма  користат поддршка од други финасиски фондови и  инструменти, а преку платформата на еден еден стартап поддржан преку оваа програма истргувани се вкупно  7 милиони US$.

x

Check Also

Уште 10 дена до Егзит! Прославата ќе биде погласна со Хладно пиво, Ван Гог, Марко Луис и многу други!

Започна одбројувањето до фестивалот, а на Петроварадинската тврдина пристигнуваат гласните гитари и ...