Фенг шуи за вашиот гардеробер

Прво, за скептичните меѓу нас да објасниме, фенг-шуи не е вуду, црна магија или „чирибу-чириба“.„Се работи за усогласување на енергиите во вашиот дом за да се создаде позитивна атмосфера “, вели Фенг шуи експертот Тиша Морис, автор на книгата „Ум, Тело, Дом“. „Вашиот дом треба да биде место кое ќе го чувствувате како ваше светилиште“. Но, за многу луѓе, домот е предизвик. Конкретно, плакарот.

f3

„Треба да бидеме свесни за она што го чуваме во плакарот,  без разлика дали се тоа стари љубовни писма од некоја мината врска или облека која повеќе не ја носиме. Нашиот плакар претставува она што не сакаме светот да го види, или она што ние не сакаме да го видиме“, објаснува Морис.

Ред, ред, ред…

Прво правило во фенг-шуи е да отстраните се што веќе не носите или не сакате. Нередот е најголемиот енергетски блок кој може да го имате во вашиот дом. Бидејќи облеката го претставува нашиот личен идентитет, може да ни донесе многу сеќавања и чувства за луѓето. Започнете со лесните предмети за кои знаете дека од нив можете да се ослободите, па потоа преминувате на оние другите кои ви будат тага или негативни мисли.

Организација

Откако сте се ослободиле од непотребните работи во плакарот, второ што треба да направите е организацијата. Класифицирајте ја облеката, но не по боја туку по примерот намена. На пример, сите кошули треба да бидат на едно место и тн. Кога гардеробата ќе биде класифицирана, преминете на чевлите. Доколку чевлите ги чувате во истиот плакар, ставете ги во кутии.

Отстранете ги валканите алишта

Здиплената облека во плакарот не влијае на енергијата, но валканата секако влијае. Отстранете се што е валкано, дури и ако станува збор за една дамка.

f2

Изолирајте го просторот

Ако гардероберот ви е отворен, оградете го од другиот простор со завеса. Гардероберите обично се најнатрупаните места во домот, па доколку гардероберот е во вашата спална соба работите што ги чувате во него можат да влијаат дури и на вашиот сон.

Под кревет 

Сите предмети имаат енергија. Затоа најдобро е ништо да не чувате под вашиот кревет бидејќи таа енергија подеднакво може да влијае на сонот и одморот. Ако сепак мора да сместите нешто под креветот, тоа нека биде нешто меко, на пример постелнина, ќебе или облека. Тоа е во ред. Еве зошто: мекото ќебе емитува мека енергија додека металните предмети емитуваат потешко енергија и можат да придонесат за немирен сон. Значи, не чувајте под креветот ремени, чевли, и слични предмети.

Пополнетост

Додека некои Фенг шуи книги советуваат да се остави празен простор во плакарот за „можност“, Морис не мисли така. Напротив, тој смета дека просторот треба да биде хармонично организиран и подеднакво пополнет, без да постои празно место во него. Тоа хармонично пополнување на просторот Морис го нарекува „целосна енергија“ која овозможува да се чувствувате комплетни, целосни.

Акција

„Ако вашиот гардеробер или вашиот дом е во неред тоа е рефлексија од вас самите, тоа може да значи дека сте многу зафатени или ако е хронично во неред значи дека вие сте хронично со немирен ум. Но сите ние имаме различни критериуми за тоа што е неред, а што не е. Тоа што е неурдено за вас не мора да биде и неуредно за мене. Добро е да се знае како вие се чувствувате во таквиот условно кажано неред. Ако сте хронично неуредна личност на пример, и дома сите работи ви се рафрлани, време е да преземете акција“, вели Морис.

 

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...