Фенг шуи за почетници : Променете го својот дом и себе

Иако денес често се смета за религија, источна филозофија, њу ејџ и слично, фенг шуи е, всушност, древна наука за уредување на просторот со потекло од денешна Кина.

feng sui 7

Фенг шуи претставува уметност на живеењето во согласност со околината, односно единката ги ужива најголемите поволности, мирот и напредокот,  поради воспоставената рамнотежа со природата. Причината зашто многу луѓе сметаат дека ова тешко може да се нарече уметност е всушност обидот за комерцијализација на оваа древна вештина и нејзино поистоветување со дизајн на ентериерот.

За да го сфатите фенг-шуи како синоним за внатрешно уредување, се погрижија некои самонаречени автори со површна литература. Фенг-шуи во буквален превод значи ветар и вода, а основна намена му е да ја хармонизира позитивната енергија во просторот во кој живееме и работиме. Не претставува религија, туку се заснова на логика, здрав разум и познавање на законите на природата.

Денес фенг-шуи се применува во тотално различен свет за разлика од некогаш пред илјадници години, кога настанал. Забрзаниот урбан развој доведе до некои други сфаќања за разлика од порано. Новите сфаќања се додадени на оние древните, но и покрај овие промени, основните концепти на оваа кинеска вештина не се променети.

feng sui 2 Исто така, важно е да се напомене  дека во некои насоки на фенг-шуи, се вмешале и многу кинески празноверија, но секој што сака барем малку да ја проучи оваа вештина, некои од податоците сигурно ќе ги прими со резерва. Основата на фенг-шуи се четирите страни на светот, а елементите поврзани со струењето на енергијата се огин, вода, земја, метал и дрво.

Со оглед на тоа дека фенг-шуи се користи за уредување на животниот простор, еве некои совети за вашите домашни простории :

feng sui 3

Спална соба

За интимна атмосфера која треба да ја пружи спалната соба, се препорачува малку светло за интимност и одмор. Свеќите, пак, нудат природен, романтичен сјај. Што се однесува до положбата на креветот, идеалното место е дијагонално од влезот на собата, но по можност што подалеку од вратата. Ова последново важи за сите простории во домот, бидејќи близината на вратата овозможува ненадејни и непријатни влегувања, кои создаваат непријатности и неконтролираност кај човекот. Дрвен рам е најдобар за кревет, бидејќи за разлика од металниот не го менува своето локално магнетно поле и многу умерено делува на струењето на енергијата (Chia). Ако имате брачен кревет, да биде душекот во еден дел, а не два, со оглед на тоа дека два душека симболизираат одвоеност од партнерот.

 Детска соба

Кај детската соба делот на креветот од кај главата треба да избегнувате да го ставате под прозорец (поради здравствени причини), тежок мебел кој создава пречки и ограничува (на децата секако им е потребен простор), неред и пренатрупаност со играчки.

feng sui 5

Бања

Овде важи правилото што поедноставно, тоа подобро! Водата е главен елемент во бањата, па затоа и површините, како и атмосферата се повлажни од другите простории. Во бањата не ставајте премногу мебел, затоа што се создава влажна атмосфера. Површините треба лесно да бидат одржливи за чистење и сушење, а вратата секогаш да биде затворена.

feng sui 8

Трпезарија

Тука е важен обликот на масата кој влијае на движењето на енергијата околу него. Самиот облик на масата може да има повеќе јин и јанг, па така кружната или квадратната маса ќе има повеќе јанг и ќе пренесува динамична енергија, додека овалниот или правоаголниот облик поттикнуваат поумерена енергија која е подобра за подобро јадење. Што се однесува на приборот за јадење, дрвените чинии и подметнувачите од плута, платно или бамбус делуваат смирувачки, додека приборот со дрвени дршки создава лесна, поопуштена атмосфера.

feng sui 4

Кујна

Кујната би требало да биде со светла боја, чиста и сува. Ставете здрави, лиснати билки помеѓу шпоретот и садоперот за ги ускладите огинот и водата. Доколку ставите чинија со овошје и друга свежа храна и цвеќиња, ќе придонесе за здравото струење на енергијата.

feng sui 1

Дневна соба

За енергијата слободно да струи, треба да имате што помал мебел и да не се претерува со тешки ткаенини и фарби. Електронската енергија има негативно влијание на Chi енергијата, па затоа телевизорот ставете го некаде подалеку од седечка гарнитура. Билките исто така ќе го намалат негативното влијание на телевизори.

На крајот, за фенг-шуи не мора да бидете експерт, затоа можете да станете сам свој мајстор при што ќе го прошетате домот и ќе го чувствувате различното расположение низ просториите. Веќе доста сте сработеле ако сте ги исчистиле просториите, сте се решиле од непотребни работи, а со тоа сте направиле и довод на воздух и доволно светлина.

М.Ризовска

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...