Филхармонијата на Скала слезе да свири на улиците

Подгответе се за фасцинантно патување низ музиката која ги поддржува и ги обединува различните музички жанрови и тоа директно од Скала, симната на улиците. Ако случајно, поминувате низ Милано, застанете….Слушнете.   

Марија Норина Ликардо

Марија Норина Ликардо

Предизвикот се вика Музика на Улиците, роден е од партнерството меѓу  Филхармонијата на Скала и Уникредит, нејзиниот историски спонзор (повеќе од 10 години) со цел да ја приближат класичната музика до пошироката публика.

Пет врвни музичари од филхармонијата на Скала се симнаа на улиците и станаа (привремено) улични музичари. И сите тие беа избрани од народот, преку социјалните мрежи.

Петте прочуени професори кои работат во Ла Скала ги препорачаа нивните млади таленти кои се исто така дел од филхармонијата на Ла Скала. Меѓу нив е и веќе славниот Фабрицио Мелони, прв кларинет на престижниот милански театар, кој настапи на миланската Пјаца Гае Ауленти, вчера во 18 часот.

Фабрицио Мелони

Фабрицио Мелони

До 18 декември, една од главните забави на  „миланезите“ ќе биде гласањето за нивниот омилен уличен изведувач меѓу десетте понудени на официјалниот сајт на Ла Скала или на Фејсбук страница на Уникредит.

А ќе има и официјален концерт со 10 музичари од миланската филхармонија на славната Скала, кои ќе изведуваат репертоар од славните композитори. Настанот ќе се емитува и онлајн тука

И да  не сте во Милано, можете ова задоволство да го следите и од Скопје. Да се вклучите и слушнете како пеат улиците.

М.Б.

 

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...