Филип Димишковски е добитник на „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2018 година

Qatar Airways во соработка со Скопскиот џез фестивал веќе втора година по ред ја доделува наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во Македонија. Лани со неа се закити младиот тапанар Виктор Филиповски. Оваа година, наградата „Златен Орикс“ оди во рацете на пијанистот Филип Димишковски.

По тој повод, денес (вторник 16. октомври) во 19 часот, во кафе-бар „Винил“ се организира коктел забава зачинета со музички настап.

Филип Димишковски е роден 1995 година во Скопје. Започнал да учи пијано на возраст од 12 години, кај Игор Димовски. Подоцна посетува часови кај Дамир Имери, каде што се запознава со основите на џезот. На 18 години веќе свири по локални клубови во Скопје во различни џез формации, со Тони Китановски, Александар Икономов и други. Гоце Стевковски Септет, Некст Ту Сајленс, Сара Мејс, Конкеринг Лајон и Љубојна се се само некои од најзначајните бендови/музичари со кои има соработувано. Има настапувано низ Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот, на фестивали како Сараево џез фестивал, Скопски џез фестивал, Банско џез фестивал и Д Фестивал. Неговото име како изведувач се појавува на неколку албуми меѓу кои „Радио Љубојна“ на Љубојна, “Reflections” на Djole Grujovski Quartet, потоа “Floating Through Space With Sarah Mace” и “Re:vision” на Fin Project.

Доделувањето на наградата „Златен Орикс“ е една од повеќето придружни активности на 37. издание на Скопскиот џез фестивал, чијашто главна програма стартува во четврток, 18 октомври.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...