Светската премиера на филмот за Карин Ројтфелд, уредничка на францускиот Вог, е закажана за 10 септември.
Станува збор за моден документарен филм посветен на Карин Ројтфелд кој дава редок поглед одблизу на нејзината работа во модната индустрија и нејзиниот приватен живот. Се разбира, филмот отсликува и пикантерии од животите на славните лица вклучени во модниот свет, преплетени низ приказната на славната Мадмоазел К.