Филм за принцезата Дајана раскажан од нејзините деца Вилијам и Хари

Се очекува премиерата на документарниот филм „DIANA, OUR MOTHER: HER LIFE AND LEGACY”снимен според раскажувањата на нејзините две деца, Вилијам и Хари.

Војводата од Кембриџ, Вилијам и принцот Хари, двете деца на омилената принцеза Дајана, ја раскажуваат приказната за нивната мајка во документарниот филм посветен на нејзиниот живот и прерана смрт. Филмот е снимен по повод 20-годишнината од смртта на принцезата.

Во документарецот ќе бидат претставени и некои не толку познати карактеристики и доблести на принцезата. На пример, принцот Вилијам раскажува за смислата за хумор на неговата мајка, за нејзниот неформален пристап наспроти кралските правила, за нејзината желба да се забавува. Филмот го раскажува и „реалниот живот“ на Дајана надвор од кралските ѕидови.

Дополнително, гледачите ќе можат да ѕирнат и во приватниот фото-албум на Дајана кои за јавноста е непознат.

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...