Ин- Филмот „Advanced style“, еден сосема поинаков поглед на стилот и возраста

Премиерата на овој фантастичен документарен филм се случи синоќа во Лондон. И многумина повторно се вљубија во себеси, а многумина почнаа да си го преиспитуваат сопствениот стил.

stil 678

Ако имате прилика да го погледнете – направете го тоа. И тоа итно! Документарниот филм Advanced style е јаготка на шлагот за сите оние кои сеуште го бараат сопствениот стил, но и за оние кои одамна го нашле. Поучна лекција како да останеме (во однос на стилот) потполно свои и многу повеќе од тоа, како да се носиме со модерните-себе, без разлика на годините.

stil 123

Филмот ќе ги освести и сите оние кои се сомневаат дека времето ги прегазило и дека едноставно модните експерименти треба да им се остават на младите. На младите? Ма, ајде!

Додуша, многу „моделирани“ Барбики нема да се најдат во овој филм или ќе почувствуваат жештина на образот, како после една добра шлаканица. Ама и тоа е за арно.

M.M

 

 

x

Check Also

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Животното осигурување станува сѐ поатрактивно за македонските граѓани што ги препознаваат бенефициите ...