Филмот Петрунија се закити со уште две награди

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот Деа Филмски Фестивал во Тирана (2 до 8 Мај) освои две награди и тоа главната награда за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева за нејзината восхитувачка интерпретација на Петрунија.

Петчленото жити предводено од холанѓанката Клаудија Лансгенберг,со голема радост и оптимизам за балканската кинематографија го соопшти главниот победник „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска.

На церемонијата во Тирана присуствуваа нашите двајца актери Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примија наградите.

Петрунија во месец мај ќе биде преставен на 3 фестивали и по Tirana FF, Albania – http://deafilmfest.al, патува на фестивал во Романија Transilvania FF, Romania, https://tiff.ro/en, каде филмот е откупен и за кино дистрибуција, и оттаму и во Украина каде исто така филмот ќе се дистрибуира, а ќе биде претставен најпрво на Molodist Film Festival, Kiev, https://molodist.com/en/.

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...