Филмот La vérité со Катрин Денев и Итан Хок ќе го отвори фестивалот

Филмски фестивал во Венеција: Импресивна листа на холивудски и европски ѕвезди ќе видиме на црвениот тепих

76то издание на Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи од 28ми август до 7ми септември, а акцентот ќе биде на жените. Годинава на Лидо присуството го потврдиле бројни ѕвезди, поточно долга листа на импресивни, значајни имиња. Од Мерил Стрип до Џенифер Лоренс, од Роберт де Ниро до Бред Пит и Џони Деп…

Според најавите на уметничкиот директор на фестивалот, Алберто Барбера, годинешното издание на фестивалот ќе биде во знакот all star. Дури 10 добитници на Оскар го потврдиле своето присуство. Списокот е, како никогаш претходно, толку импресивен: Мерил Стрип, Роберт де Ниро, Бред Пит, Пенелоп Круз, Катерин Денев, Жулиет Бинош, Антонио Бандерас, Доналд Сатерленд, Џон Малкович, Џуд Лоу, Џони Деп, Гонг Ли, Скарлет Јохансон, Роман Полански, Хоакин Финикс, Луј Гарел, Жан Дижарден, Лука Маринели, Џенифер Лоренс, Итан Хок…

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се отвори со филмот La vérité од јапонскиот режисер Коре-еда Хироказу со Катрин Денев и Итан Хок, кој воедно е и прв нејапонски филм на Хироказу, а ќе се затвори со филмот The Burnt Orange Heresy од  режисерот Џузепе Капотонди со Доналд Сатерленд и Ким Џегер.

За Златниот Лав во трка се 21 филмови, а претседател на жирито годинава е аргетинката Лукреција Мартел.

 

x

Check Also

H&M лансираше нови модели на палта од рециклирани материјали

За претстојнава сезона, дизајнерите од H&M ни препорачуваат да носиме палта дизајнирани од ...