15 девојки ќе се натпреваруваат за круната

Вечер со почеток во 21 часот во новиот хотел Романтик во Дојран ќе се случува големото финале за избор на Мис на Македонија 2013 за Мис Глоуб.

mis 1

На вечерашното финале ќе настапат 15 девојки, а победничката ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис Глоуб 2013. Придружничките пак ќе настапат на други интернационални избори за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци.

mis 3

Водителка на настанот ќе биде Светлана Црнокрак, а за музичкиот дел се задолжени Зои Блаж и Дарко Илиевски.

mis 2

На фотографиите: победничката Ана Трајковска и двете придружнички Симона Станковска и Кристина Димитријевска од полуфиналниот избор во Велес кој се случуваше минатиот четврток.

x

Check Also

Мисицата Елена Анѓеловска утре ќе се бори за круната на Мис Глоуб во Торонто

Утревечер во Торонто ќе се одржи финалето на Мис Глоуб. Македонска претставничка ...