Финишира турнејата за избор на Мис на Македонија за Мис Глоуб

Во една од последните полуфинални вечери кандидатките на изборот за Мис на Македонија за Мис Глоуб настапија во Скопје, во Скејт паркот на кејот на Вардар.

mis1

Победи Ивана Ѓорѓиевска, прва придруничка беше Надица Димковска, а титулата втора придружничка ја освои Ангела Ставревска. Турнејата продолжува денес кога девојките ќе се претстават во хотелот Романтик на Велешко езеро, утре (четврток) во Берово и в сабота ќе се одржи големото финале во хотел Романтик во Дојран.

Вкупната победничка ќе добие стипендија во вредност од 6 илјади евра од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и други вредни награди од спознорите и ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис Глоуб 2014  кој ќе се одрживо ноември во Албанија. Придружничките пак ќе настапат на други интернационални избори за убавина за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценца.

 

x

Check Also

BOSS со прекрасна уметничка кампања за колекцијата есен/зима 2019

BOSS ја претстави рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019, снимена во њујоршката ...