Fit Family: како до лесно слабеење со ТФМ

Лесно слабеење со термо физичка метода

Термо физичката метода (ТФМ) овозможува слабеење, затегнување, и обликување на телото. Кратко кажано претставува метода за целосна корекција на фигурата.

Во студиото Fit Family, во центарот на Скопје, се практикува токму оваа метода која им има помогнато на многу жени да си ги постигнат посакуваните резултати и да се чувствуваат витко и здраво во своето тело!

Термо физичката метода се разликува од секој друг тип на вежбање бидејќи опфаќа три клучни работи кога станува збор за губење на телесна тежина. Сите три елементи се зависни еден од друг и токму тоа ги прави најефикасен начин на слабеење.

Методата е комбинација на: физичка активност во кабина која е затоплена со инфра црвена лампа, исхрана како и редовно мерење и консултации или така наречен „coaching“.


Физичка активност во кабина која е затоплена со инфра црвена лампа

Пред да се започне со физичката активност при консултација се утврдува целта на клиентот и преку мерење се прави целосна телесна анализа. Врз основа на целта, возраста и физичката спремност клиентот почнува да вежба со еден од многуте програми. Тие се различни и целосно адаптирани според потребите на секој клиент индивидуално. На овој начин секој гарантирано ги постигнува своите цели.

Зраците на инфра црвената лампа навлегуваат длабоко во мускулите и ја зголемуваат циркулацијата во телото, ова поттикнува побрзо топење на маснотиите. Инфрацрвените зраци ги затоплуваат мускулите и ги олеснуваат движењата на телото а воедно еластичноста на мускулите значително се подобрува. Поради ова се избегнуваат и длабоки болки во мускулите по вежбањето. Истите зраци го стимулираат метаболизмот што значи се трошат повеќе калории.

Топлината на инфрацрвените зраци има одлично дејство на изгледот на кожата и значително помага во намалување на целулитот. Дополнително поради топлината и здравото дејство на инфрацрвените зраци, се намалуваат и болките во телото. Така оваа метода е и погодна за луѓе кои се соочуваат со болки во зглобовите или ревматски болки.

Исхрана

Кога сакаме да направиме здрава промена на телото, неизбежно е предвиден да се земе и начинот на исхрана кој најчесто мора да се промени.

Со ТФМ исхраната е исто толку важна како физичката активност. Здрава и балансирана исхрана е неизбежна да се вметне во секојдневието на патот кон здраво и променето тело.

Како и програмите за вежбање, така и планот за исхрана е индивидуален. Секако секој клиент е различен и има различна цел поради што и исхраната се зема предвид како индивидуален фактор.

Битно да се потенцира дека не станува збор за диета туку за начин на исхрана. Многумина несвесно се хранат нездраво и неправилно. Со ТФМ се „учат” клиентите кон правилна исхрана за да можат и да ги задржат постигнатите резултати.

Редовно мерење, редовни консултации или така наречен “coaching“

Патот кон промена на себе не е лесен особено не кога треба да се постигнат големи резултати.

Со оваа метода секој клиент добива целосна поддршка за да стигне до целта. Понекогаш едноставно е потребно да се има некој кој ќе ви биде ветер во грбот. Во Fit Family сите тренери даваат се од себе за да ги мотивираат и да ги поддржуваат клиентите кон целта. Тука редовното мерење и редовните консултации се најважен фактор, бидејќи токму тие се мерило за напредокот.

x

Check Also

Кајгана диета, звучи вкусно, а одлично функционира

Познато е дека свежите јајца имаат протеини, витамини и минерали, заситуваат, а ...