Фитнес режимот на Џенифер Анистон

Позната е по својата топ форма, а многумина се воодушевуваат на нејзините мускулести раце.

an81

Љубопитството на фановите на Џенифер Анистон за тоа како ја одржува својата фигура го задоволи нејзината долгогодишна фитнес тренер Менди Индберг. Во новото издание на списанието Пипл таа зборува за фитнес –режимот на Анистон откривајќи дека глумицата вежба вид на јога – Vanyasa flow. Станува збор за динамични часови по јога кои вклучуваат и танц.

45-годишната Анистон вежба три пати во неделата по еден час.

„Луѓето мислат дека требаат многу да вежбаат за да постигнат добра форма на телото, но клучот е во редовноста и тоа е она што Џенифер го прави овие неколку години“, вели Индберг и додава дека Анистон освен што редовно вежба јога внимава и на балансираната здрава исхрана.

 

x

Check Also

Бела Хадид и Лила Мос ја претставуваат пролетната колекција на Miu Miu

И овојпат дизајнерите на италијанската луксузна модна марка Миу Миу ја покажаа ...