Fixie Period Panties повторно предизвикува со својата кампања

Што сѐ мажите прават за да не прокрвават?

По успешниот социјален експеримент во кој брендот Fixie Period Panties успеа да поттикне отворен разговор за менструацијата на социјалните мрежи, сега повторно предизвикува со нова кампања.

Кампањата на хумористичен начин го споредува машко – женскиот свет, алудирајќи на сите видови заштита што мажите ја користат со цел да се заштитат во случај да прокрвават, наспроти овој единствен производ за заштита што на жената ѝ е потребен во деновите кога има менструација.

„Овој иновативен производ е многу повеќе од само бизнис идеја, бидејќи во себе носи многу помоќна порака и има поголема социјална цел. Уште при создавањето на производот, нашата цел беше провокација и навистина сме среќни што успеавме барем малку да ја разбудиме јавноста за теми кои се навистина значајни за жената, а впрочем и за општата јавност. Чувствуваме одговорност дека треба да зборуваме гласно за менструацијата и репродуктивното здравје, па оттука имаме и активна улога во кршење на табуата и во подигнувањето свест за менструацијата и менструалната хигиена“, изјавија од Fixie Period Panties.

Инаку во периодот околу Денот на жената, 8 Март, Fixie Period Panties преку дистрибуција на вести до медиумите дека зборот менструација наводно ќе се менува во фемструација или женструација, успеа да ја разбранува јавноста, а целта беше единствено гласно да се изговори зборот „менструација“ и да се поттикне отворена дискусија за овој совршено нормален процес кој е во биолошката природа на жените.

x

Check Also

Како е развиена ТОФ камерата која се приклучи на четворната Leica камера на Huawei P30 Pro

За ниеден љубител на мобилната фотографија не е тајна дека P серијата ...