Флерт со непцата: Турнедо рокфор во четири чекори

Ќе го најдете на менито во лусузните ресторани низ светот, но сега можете да го подготвите и сами, препуштајќи се на флертувањето со единствениот вкус.

t2

За да го подготвите специјалитетот Турнедо рокфор потребно е:

125 грама рокфор сирење

60 гр ореви

30 гр путер

4 телешки шницли

Сечкан магдонос

Сол

Мелен црн пипер

Подготовка

1. Во подлабок сад измешајте ги сирењето, оревите, путерот, солта и црниот пипер.

2. Шницлите посолете ги и наросете ги со мелен црн пипер од двете страни.

3. Испечете ги шницлите на скара. Пред крајот на печењето врз шницлите нанесете ја смесата од сирење.

4. Откако сирењето ќе почне да се топи, извадете ги шницлите од скарата. Украсете со ситно исечкан магдонос.

Послужете со чаша црвено вино, и уживајте со сите сетила.

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...