Флертувајте со пролетниот специјалитет: Домати полнети со туна

Специјалитетот е нискокалоричен и добредојден за секоја диета. Не бара вештини во кујната, брзо се подготвува, а е супервкусен.

 

Доколку сте „за“ некој килограм помалку, поиграјте си со вечерата. Всушност, вечерата  заменете ја со лесни специјалитети кои немаат многу калории, а за декорација употребете ја фантазијата.

domati 2

Ние ви го предлагаме медитеранскиот специјалитет Домати полнети со туна . Дегустирајте го со партнерот, со чаша бело вино. И слободно, флертувајте со лесната храна особено погодна за потоплите денови.

Од намирници потребно е – 185 грама туна во масло, 1 главица кромид, 1/ 4 корен од целер, млад лук, 3 лажици мајонез, 2 лажици лимонов сок, сол, црн пипер, сенф, 8 домати.

Подготовка

Туната изгмечете ја со вилушка, ситно исечкајте го кромидот, а исчистениот целер исечкајте го на долгнавести парчиња. Ситно исечкајте го младиот лук. Мајонезот и сенфот измешајте ги со преостанатите состојки, а потоа додадете ги туната, кромидот, целерот и лукот.

Наполнете ги претходно издлабените и од внатрешната страна посолени и со црн пипер наросени домати.

Сервирајте ги со парчиња целер и парчиња туна на романтичната или елегантна чинија.

Декорирајте употребувајќи ја фантазијата.

x

Check Also

Велигденски сладок куглоф

За велигденските празници ви го препорачуваме овој вкусен празничен куглоф. Од намирници ...