Во фокус на празничната магија пред објективот на Виолета Постоловска

Колачињата за Дедо Мраз веќе се подготвени, a целото семејство го очекува најсаканиот дедо на целиот свет. Уште само неколку дена остануваат за тој да пристигне во домот кај сите дечиња и да ги остави подароци под елката, но некако сите сме нетрпеливи…


…мммм, а што велите оваа година сите заедно да кампуваме со Дедо Мраз? Насмевнете се, ние знаеме каде се наоѓа кампот на Дедо Мраз, тој оваа зима кампува во нашето Скопје во студиото на „Фокус“.

Кога последен пат го имате отворено вашиот стар албум од детството? Кога последен пат почувствувате топлина во срцето кога ги погледнавме старите празнични фотографии со семејството… во домашна празнична атмосфера… со Дедо Мраз на училишната приредба со другарчињата… со вашиот помал брат или сестричка кој сега и не е толку мал…

Доколку одамна не сте го сториле тоа направете го уште денес и ќе забележите колку значат тие моменти, тие спомени, тие фотографии… и колку би им значеле на вашите најмали и најмили кога ќе бидат ваша возраст.

Време е за празничен портрет, време е да ја запознаеме дамата која се „крие“ позади фотоапаратот, дамата која ги „замрзнува“ празничните радости на целото семејство, дамата која ќе ги направи најубавите фотографии кои остануваат вечен подарок и најдраг спомен од детството, време е за Виолета Постоловска и нејзините фотографии од бајките, но овојпат со вистински ликови.

Што значат за вас фотографиите?


– Фотографиите раскажуваат приказни, го раскажуваат нашиот живот, моменти на кои сме заборавиле или се длабоко во нашата меморија, а со погледнување на само една фотографија од даден момент од нашиот живот се присетуваме на целата приказна, почнуваат да ни навираат спомени со сите детали и сето тоа благодарение на една фотографија.

Најмалите и најмилите знаат да бидат и најголеми „палавковци“ кога треба да се фотографираат. Како се справувате со тоа?

– Секое детенце си носи во себе „ѕвезда“ која што со правилен пристап ќе заблеска. Кога фотографирам дечиња искрено и јас се претопувам во нивната енергија, во нивната „палавост“, игра… едноставно им дозволувам да уживаат во секој момент додека ги фотографирам. Најважно од сè е малечкото да ужива, да се препушти на играта и моментот, а кога неговите очиња ќе заблескаат од радост и возбуда фотографиите се повеќе од магични.


Која е тајната на фотографирањето и создавањето магични фотографии со бебенца од најрана возраст?

– Љубовта кон децата и љубовта кон фотографијата во комбинација со многу труд и посветеност на секој детал не доведуваат до магичните фотографии. Секоја возраст си бара посебна подготовка и посебно внимание, трпение и многу љубов. Секогаш се следат и техники со една и единствена цел детенцето да е смирено, да се чувствува удобно, пријатно и сето тоа за него да биде уживање и игра.


Кампување со Дедо Мраз… од каде инспирација и кој се може „да кампува“ со Дедо Мраз?


– Идејата за кампот ни дојде преку истражување и гледање на илјадници фотографии и идеи, едноставно сакавме да биде нешто ново, возбудливо, нешто забавно во кое дечињата ќе уживаат без разлика на возраста, а кога сме кај возраста и на „големите деца“ им се виде доста забавен што излезе одлично.


Колку време е потребно за да се направат најубави празнични фотографии?

– Времето го мериме во моменти љубов и големо внимание од моментот кога детенцето ќе пристигне, моментите додека разгледа сè околу него, моментот кога ќе се опушти и занесе во играта, а потоа ние уживаме со него и ги „замрзнуваме“ со нашиот објектив сите тие неповторливи моменти, а секако потоа следи неколку часовна работа и професионална обработка на фотографијата која ќе остане најубав спомен за тој мал „палавко“ или мала принцеза кога години и години подоцна ќе ги погледнете тие фотографии.


x

Check Also

ЛЕТЕН ПОПУСТ и ПОДАРОЦИ во сите продавници на Red Star

Голема акција “ЛЕТЕН ПОПУСТ“ во сите продавници на Ред Стар! Од денес, ...