Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект во организација на Општина Битола кој од 23-ти декември па сѐ до новогодишниот дочек на 31-ви декември платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом го претвори во празничен плоштад.

57 различни проекти, во кои ќе настапат музички групи, редица диџеи, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, а ќе се одржуваат и работилници во збирно над 60 часа активна програма, ќе ги анимираат битолчани во претпразнична атмосфера.

Сите ангажирани учесници се избрани на јавниот конкурс кој го објави Општина Битола, неодамна мотивирајќи ги сите локални артисти да се пријават, со цел да се поддржи нивната уметничка работа, особено во годината кога заради протоколите имаа ограничен број на ангажмани.

На оваа локација ќе имаат можност за промоција  и малите бизниси, како што се занаетчиите, селектирана угостителска понуда и анимација со цел да се промовираат, нудејќи придружна понуда која ќе асоцира на празници и славење.

Битола конечно доби настан кој ќе ја направи музички жива во зима, беше вчерашниот заклучок на концертот на Фолтин на минусни температури, кои не беа пречка да се разигра публиката.

Во публиката добра енергија, насмевки и уживање…

Битола вчера покажа дека може, а ЗИМСКА ПРИКАЗНА ќе биде повеќе од празничен фестивал.

Најава за денес 24 декември – петок, warm up од 17 часот со DJ B. Boy и концерти на Citу band од 19 часот, 3G band од 20:00 часот и Kod 369 од 21:30 часот.

А за самиот крај на вечерта од 22:30 часот бендот ПАРКЕТИ кој ја слави Битола музички од 1991 година. Фановите на ПАРКЕТИ ги обожуваат нивните настапи во живо, го сакаат нивниот изглед  и смислата за хумор низ текстовите за кои самите тврдат дека се апстрактни.

x

Check Also

Која е тајната на беспрекорниот изглед на кожата на светските ѕвезди?

Гледајќи ги најголемите светски филмски и музички ѕвезди додека самоуверено чекорат по ...