Формирана  „Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници“ (МАТАВП)

Викендов во Скопје, во хотелот „Панорамика“  беше претствена новоформираната асоцијација „Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници“ (МАТАВП).

На свеченоста, претседателот на асоцијацијата Димитар Кавраков и потпретседателот Елвир Садиковиќ со членовите на Управниот одбор ја презентираа програмата и целите на асоцијацијата.

Асоцијацијата ќе работи во насока да ја подобри позицијата на водичите во нивната работа, а во исто време да се променат некои законски одредби со кои ќе се заштитат интересите на туристичките водичи и придружници, беше истакнато на презентацијата на новата асоцијација.

x

Check Also

Подарете на најблиските патување во Швајцарија сo Revalid®  

Предновогодишната еуфорија наскоро започнува и во нашата земја. На најблиските секогаш размислуваме ...