ФОТО И ВИДЕО: Вистинско уживање оваа пролет со новата колекција на САРА ФЕШН

Твојата пролет е магична.. твојата пролет е љубовна.. твојата пролет е СФ.
Вака оваа седмица тимот на Сара Фешн ја најави новата колекција на долна облека и пижами за девојки и жени кои сакаат да уживаат во пролетта!

– Време е за свежина и новитети. Оваа пролет воведуваме нови модели на долна облека кои се внимателно одбрани и дизајнирани според потребите и желбите на нашите потрошувачи. Боите кои доминираат во оваа колекција се нежни и пастелни тонови на розова, сива, сина и кремава боја со додатоци на тантела, принтови од цветотви, срциња и актуелниот тренд принт со точки.

Материјалите од кои се изработени овие модели на долна облека, маици и килоти, како и пижамите се со висок квалитет, а чувството додека ги носите е навистина удобно, пријатно и привлечно.

– Со големо внимание работевме на оваа кампања и затоа магијата и љубовта која ја има со себе пролетта ја преточивме во креативност и дела. Фотосесијата ја работевме во фотостудиото на Дарио Јанковиќ, а соработуваме и со Моделс Ин и Кариера Плус – Центарот за креативни курсеви за шминка и фризура.

Ја разгледавме новата колекција и можеме да заклучиме дека е одличен избор за подарок за претстојниот 8ми март! Може да се одбере од палетата на маици и килоти или да се одлучите за пижами со интересни принтови и пораки за добра ноќ. Ве очекуваат во Сара Фешн со вашиот избор. Следете ги на фејсбук и инстарам за сите детали за новата пролетна колекција.

 

x

Check Also

 & Other Stories им даде предност на пастелните нијанси

Без разлика на сезоната, пастелните нијанси се секогаш во тренд. Модната марка  & ...