Фото/Овие чанти ќе бидат меѓу најбараните модели што ќе ја одбележат зимската сезона

Модните дизајнери веќе донесоа одлука, овие 5 модели оваа зима ќе ги гледаме на секој чекор, а вие мора да имате барем една од нив во вашиот гардеробер.

Големи чанти

На модната сцена се враќаат големите, гломазни модели во кои собира скоро се што ви треба за еден ден.

Плишани и крзнени чанти

Овие меки чанти брзо ги освоија срцата на многу дами, па не е чудно што дизајнерите ги вклучија на листата на водечки трендови.

Торби од ски-материјал

Иако ова не е типичен материјал за правење чанти, многу брзо ги освои трендсетерите, па овие модели ќе ги гледаме во текот на претстојната сезона.

Мини чанти

Моделот кој доминираше во 90-тите повторно е актуелен. Тој летово се врати на сцената, а во тренд ќе биде и во текот на зимата.

Ташна каиш

На самиот врв на листата е моделот кој се носи околу струкот, кој е одличен избор за сите оние дами кои сакаат практични парчиња.

x

Check Also

Сакате да ослабнете, ама не сакате да гладувате? Можно е! ЛИПО рецепти пред кои ќе подзинат и најголемите гурмани

Секој што почнува диета, редовно си ги поставува прашањата: дали ќе чувствувам ...