(Фото) Внуката на американски нафтен тајкун се омажи во венчаница од стакло!

Ајви Гети, наследничката на познатиот американски нафтен тајкун Џон Пол Гети, се омажи за фотографот Тобајас Ејнџел а судбоносното „да“ го кажа во венчаница украсена со стакло.

Церемонијата се изврши на раскошните скали на Градското собрание на Сан Франциско.

Четирите слоеви ткаенина со парчиња стакло се дизајнирани од Џон Галијано, креативниот директор на „Maison Margiele“.

„Бидејќи мораше да се движи, моравме да комбинираме парчиња за вистинско огледало со слично стакло. Така го направивме фустанот многу полесен“, вели Галијано.
Ајви носеше вел со мотиви на орев и гитара, со што им оддаде почит на двете драги личности, баба ѝ Ана, која пораснала на фарма со ореви и нејзиниот покоен татко, музичарот Џон Гилберт. Погледнете ги фотографиите од свадбата кои Ајви ги објави на нејзиниот инстаграм-профил.


 

 

x

Check Also

Хороскопски знаци кои најдобро се бакнуваат

Овие три хороскопски знаци, според астролозите, се бакнуваат на начини кои им ...