Фотосесија на бремената Миранда Кер за Marie Claire

Поранешниот ангел на Викторија сикрет, Миранда Кер, блеска во едиторијалот за австралиското издание на списанието Marie Claire.

Фотографирана од Нино Муњоз, на насловната страница Кер носи црн, тесен фустан кој го нагласува нејзиниот стомак од бременоста. Таа е во деветиот месец на бременост и го очекува своето трето дете.

Да се потсетиме, Миранда Кер се венчаше со бизнисменот Еван Шпигел, главен директор на социјалната мрежа „Снепчет“ во 2017 година, а истата година најави дека го очекува своето второ дете. Десет месеци по раѓањето на бебенцето Херд, таа соопшти дека е бремена и дека очекува трето дете.

 

x

Check Also

Сестричките Кардашијан и Џенер се расоблекоа за новиот бренд на Ким (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога популарните девојки од семејствата Кардашијан и Џенер ќе се обединат со ...