Францускиот маникир се врати во мода, еве кои познати го „носат“ на одмор

За време на својот престој во Грција, каде го поминува годишниот одмор, топ моделот Бела Хадид на постираните фотографии го покажа францускиот маникир на ноктите и не врати во 90-те години.

Но Бела Хадид не е единствена која се наврати на овој тренд. За време на снимањето на серијата „Бјути Сикретс“ на Вог, на почетокот на овој месец, Кло Кардашијан со радост го презентираше својот француски маникир на нагласена бела основа. Всушност, оваа техника на лакирање е одлична солуција за средени нокти во текот на летните денови и годишните одмори поминати на плажа.

Клое Кардашијан

Инаку, францускиот маникир се должи на иновативноста на Џеф Пинк, основачот на марката ORLY  и историска фигура во светот на нега на ноктите. Во 1975 година, Пинк работел како мејк-ап артист во Студио Холивуд, кадешто се се грижел за изгледот на славните личности. За да создаде природен изглед на ноктите кои глумат во филмови, но тие сепак да бидат лакирани и средени, Џеф дошол до изумот наречен француски маникир – совршен маникир, без нагласена боја.

x

Check Also

Лејди Гага ја лансираше мејк-ап кампањата Haus Laboratories

Лејди Гага е најновата во редот ѕвезди која лансираше козметичка линија. Колекцијата е ...